Партизан се договорил со Лука Вилдоза

Партизан се договорил со Лука Вилдоза

пред 4 часа

Аргентинскиот кошаркар, Лука Вилдоза, наскоро ќе стане играч на Партизан.

Според добро информираните новинари Чема де Лукас и Арис Баркас, Партизан ги договорил сите детали околу трансферот.

Со тоа, Аргентинецот ќе стане првиот кошаркар што некогаш играл за лутите ривали од Белград и Атина, бидејќи играл за Панатинаикос и Олимпијакос, како и за Црвена Звезда, а сега доаѓа во Партизан.

Вилдоса играше за Виртус од Болоња заедно со Алесандро Пајола, кој неодамна стана нов кошаркар на Партизан.

Засега, Кевариус Хејс, Ламар Стивенс, Алесандро Пајола и Никола Танасковиќ се приклучија на Партизан, а се очекува Дерек Вилис и Кајл Алман официјално да бидат претставени во наредните денови.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top