Шкендија го заврши учеството во квалификациите во Лигата на шампионите. Македонскиот првак, во Словенија, доживеа тежок пораз од Мура 5:0 (2:0). Првиот меч одигран пред една недела во Скопје заврши без победник 1:1.
Фудбалерите на Мура, упатија 18 удари кон голот на Захов, пет од нив одеа во рамката на голот и сите завршија во голот на Шкендија. На спротивната страна играчите на Шкендија упатија девет удари, три од нив одеа во рамките на голот на Мура.
Лука Бобанец беше кобен по Шкендија. Тој ги постигна двата гола во првото полувреме, со кои Мура обезбеди недостижна предност.
Првиот гол го постигна во 25.минута, а вториот во првата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел. Вториот гол Мура го постигна со играч повеќе, откако во интервал од три минути, во 39. и 42.минута, Словакот Јан Кривак доби два жолти картони.
Предноста на Мура на 3:0 ја зголеми Крепац во 55.минута, девет минути подоцна Коус зголеми на 4:0.
Конечниот резултат по грешката на Захов, го постави Клепац во 87.минута. во 64.минута.
Шкендија европскиот пат ќе го продолжи во Конференциската лига. Во второто коло противник на Шкендија ќе и биде Рига.