Петмина си одат од Вардар

Петмина си одат од Вардар

пред 1 ден

Фото/ ffm.mk

Фудбалскиот клуб Вардар, освојувач на Купот на Македонија, започна со формирање на тимот за следната сезона. Вардар сезоната ќе ја започне во квалификациите за пласман во Конференциската лига.

Вардар се раздели со Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер.

Искусниот голман Филип Гачевски клубот ќе го напушти како слободен играч. Клубот исто така објави дека се водат преговори за продолжување на соработката со голманот Методија Велковски и дефанзивецот Ненад Мишковски.

Исто така Вардар потпиша четиригодишен договор со 20-годишниот голман на Тетекс, Илир Зибери.

Share
Scroll to Top