Пипен: Време беше и Кукоч да влезе во Куќата на славните

Пипен: Време беше и Кукоч да влезе во Куќата на славните

пред 4 години

Хрватската кошаркарска легенда – Тони Кукоч од осмиот обид беше примен во кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.

Многумина сметаат дека играчот кој со Југопластика ја покори Европа требаше таа чест да ја добие многу порано. Истото мислење го има и неговиот соиграч од Чикаго Булс – Скоти Пипен.

Тој на Твитер напиша:

„Време беше! Обожавав да играм со Тони Кукоч и беше многу битен во нашипт втор поход по трите прстени во низа. Апсолутно припаѓа во Куќата на славните и одвај чекам наесен кога ќе ни се придружи“.

Кукоч и Пипен со Булси освоија шампионска титула во 1996/97 и 98 година кога во тимот од Чикаго беше и Мајкл Џордан.

Share
Scroll to Top