Погачар го вози најскапиот велосипед на светот

Погачар го вози најскапиот велосипед на светот

пред 2 дена

Тадеј Погачар (26) е словенечки велосипедист и еден од најдоминантните возачи на својата генерација. Со 21 година, тој го освои Тур де Франс (три пати во кариерата), а до ден денес има освоено бројни победи на најголемите трки во светот.

Познат е по својата експлозивност на искачувањата, техничката вештина и тактичката зрелост. Вози за тимот на ОАЕ „Емирати“ и постојано го потврдува својот статус на еден од најдобрите возачи во историјата на велосипедизмот.

Неговиот тим објави на социјалните мрежи фотографија од велосипедот „Колнаго“ што Погачар го вози на Тур де Франс.

Станува збор за специјална верзија на „Колнаго V5R“. Тежи само околу 7 килограми поради неговата конструкција од ултралесна карбонска тркачка рамка, чија конструкција е многу цврста и лесна.

Серијата „Колнаго V“ (V4R/V5R), особено во тимската или ограничена верзија на Тур де Франс, е меѓу најскапите сериски велосипеди во светот.

Се проценува дека тркачкиот велосипед на Погачар вреди помеѓу 18 и 20 илјади евра, во зависност од изданието и дополнителната опрема, што го прави најскапиот велосипед во светот. За споредба, велосипедите од пониската серија Колнаго или постарите генерации (на пр. V3, C-RS 105) се движат помеѓу 2.500 и 6.000 евра.

Share
Scroll to Top