Познато е кои клубови ќе ги заменат Реал, Барса и Јуве во ЛШ

Познато е кои клубови ќе ги заменат Реал, Барса и Јуве во ЛШ

пред 3 години

УЕФА, покрена постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, поради проектот Суперлига. Овие три клуба јавно не се откажаа од Суперлигата.

Откако УЕФА објави дека е покрената постапка против клубовите, италијанските и шпанските медиуми пишуваат дека, европската куќа на фудбалот нема да им дозволи наредната сезона да учествуваат во Лигата на шампионите.

Доколку бидат казнети, Реал, Барселона и Јувентус, одлуката на УЕФА би ја обжалиле пред Судот за спортска арбитража.

Медиумите на Апенините и Пиринеите, тврдат дека се позанти клубовите кои ќе играат на местата на клубовите, доколку Судот за арбитража ја потврди казната која би им ја доделиле од УЕФА.

На местата на Реал и Барселона од Шпанија би влегле Реал Сосиедад и Бетис, а на местото на Јувентус во Лигата на шампиони би влегол Наполи.

Овие клубови во Ла Лига, односно Серија А, завршија „под цртата“, односно веднаш зад екипите кои изборија места во Лигата на шампионите.

Прокетот Суперлига го најавија 12 европски клубови. Меѓутоа неполни 48 часа по објавата дека ја формирале лигата од неа се повлекоа Челси, Арсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Милан и Интер.

За овие клубови УЕФА одреди парични казни.

Share
Scroll to Top