Постигнат договор – Меси ќе остане во Барселона

Постигнат договор – Меси ќе остане во Барселона

пред 3 години

Барселона и Лионел Меси, постигнале договор, околу продолжувањето на соработката. Каталонски „Спорт, тврди дека работата се уште не е завршена, но дека се ќе иде готово до крајот на оваа недела.

Меси е слободен играч од 1.јули, кога му истече договорот. „Спорт“, пишува дека двете страни договориле петгодишна соработка.

Овој извор тврди дека Меси, во новиот договор, прифатил неговата плата да биде намалена за 50 отсто. Тој бил свесен со какви финансиски проблеми се соочува клубот и сакал неговиот пример да го следат и останатите играчи, кои засега одбиваат нивните плати да бидат намалени.

Меси, според новиот договор, ќе има годишна плата од 20 милиони евра. Во новиот договор ќе биде намелена неговата откупна клаузула од 700 на 350 милиони евра.

Share
Scroll to Top