Почина еден од хероите на СП во 2002

Почина еден од хероите на СП во 2002

пред 3 години

Фудбалската планета ја обиколи тажна вест. На 49-годишна возраст почина еден од хероите од Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја.

Ју Санг Чул, починал од канцер на панкреасот. Чул беше член на најславната генерација на Јужна Кореја. На СП во 2002 година, Јужна Кореја го освои четвртото место.

На овој Мундијал, Чул беше избран во идеалниот тим заедно со Оливер Кан, Роналдињо, Роналдо Назарио, Сол Кембел, Фернандо Јеро, Роберто Карлос, Микаел Балак, Ривалдо и Мирислав Клосе.

Брилијантните настапи на СП му овозможија траснфер во Тотенхем, но Чул никогаш не заиграл во Премиер лигата. Целата кариера ја мина во Азија, во Улсан, Јокохама и Кашива.

За Јужна Кореја одиграл 124 натпревари, постигнал осум голови.

Share
Scroll to Top