Претседателот Пендаровски му подари дрес на Папата Франциск

Претседателот Пендаровски му подари дрес на Папата Франциск

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италија и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.

На средбата, Пендаровски му подари дрес на Папата со неговото име напишано на кирилица. Станува збор за новиот дрес на Македонија, со кој фудбалерите ќе настапат на Европското првенство.

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој нашите најдобри фудбалери ќе играат на ЕУРО 2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи!“, објави Пендаровски на Твитер.

Папата Франциск го сака фудбалот, тој не крие дека е голем навивач на Сан Лоренцо.

Share
Scroll to Top