Проблем за Барселона – Не може да ги регистрира новите играчи

Проблем за Барселона – Не може да ги регистрира новите играчи

пред 3 години

Заминувањето на Лионел Меси и огромниот долг, не се единствените проблеми со кои се соочува Барселона. Поради финансиката дупка и не можноста да се испочитува финансискиот ферплеј на Ла Лига, играчите кои ја засилија Барселона се уште не се регистрирани.

Сезоната во Ла Лига започнува за два дена, а како сега стојат работите, Барселона во првото коло нема да може да смета на Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Емерсон. Серхо Агуеро е повреден и тој секако не е во конкуренција за настап.

Барселона, на годишно ниво, на плати троши 230 милиони евра. За да може да ги регистрира новите фудбалери, како што објави Каталонското радио, неколкумина ќе мора да си заминат.

Барселона, на стартот од сезоната има тешка задача, за противник го има Реал Сосиедад.

Share
Scroll to Top