Ракометниот сојуз на Црна Гора го откажа настапот на националниот тим, на турнирот во Винтертур, Швајцарија. Овој турнир на Црногорците требаше да им биде генерална проба за настап на Европското првенство.
Црба Гора го откажа учеството на турнирот во Винтертур, откако на последното тестирање, позитивни тестови добиле тројца играчи и еден член на стручниот штаб.
Коронавирусот им направи големи проблеми на неколку репрезентации. Поради заразени играчи, слично како Црна Гора, контролните натпревари ги откажаа Франција и Србија.
Црна Гора е вториот противник на Македонија на ЕП во Словачка и Унгарија. Натпреварот, во рамките на А-групата, ќе се одигра на 15.јануари од 18 часот, во Дебрецен.