Винисиус Жуниор во блиска иднина би можел да го напушти Реал Мадрид.
Според шпанскиот портал „Фихајес“, Пари Сен Жермен се подготвени уште еднаш да го урнат трансфер рекордот.
Порталот пренесува дека челниците на „светците“ се подготвени да понудат неверојатни 250 милиони евра за Бразилецот.
Со тоа би го собориле сопствениот рекорд од 2017 година кога за Нејмар на Барселона и платија 222 милиони евра.
Бразилецот во последните сезони е еден од најдобрите играчи на Реал, со кого има договор до 2027 година.
Реал му подготви нов договор, очигледна желба на сите во клубот е продолжување на соработката со него, но фудбалерот се уште не решил дали да ја прифати понудата.