ПСЖ нуди 140 милиони за Сака

ПСЖ нуди 140 милиони за Сака

пред 7 месеци

Килијан Мбапе очигледно ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Во Париз сфатија дека немаат време за губење и дека мора да најдат адекватна замена за Французинот, а се чини дека ја одредиле примарната цел за летниот преоден рок.

„Лекип“ објави дека Букајо Сака ќе биде прва мета на ПСЖ ова лето, а „светците“ ќе направат се за да го доведат англискиот репрезентативец на Принц Парк.

Сака во ПСЖ го гледаат како идеална замена за Мбапе бидејќи Англичанецот веќе неколку сезони игра на одлично ниво во Арсенал.

Јасно им е и дека Арсенал нема така лесно да го пушти Сака, па затоа наводно подготвиле понуда од дури 140 милиони евра. Во Париз биле сигурни дека арсенал ваква понуда нема да одбие.

Овој 22-годишен фудбалер има договор со лондонскиот клуб до летото 2027 година. Минатата сезона Сака одигра вкупно 35 натпревари за Арсенал, постигна 16 гола и додаде 15 асистенции.

Share
Scroll to Top