ПСЖ плати 70 милиони евра за португалски тинејџер

ПСЖ плати 70 милиони евра за португалски тинејџер

пред 4 месеци

Младиот португалски играч за врска Жоао Невес (19) ја напушти Бенфика и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Невес потпиша договор со ПСЖ до 2029 година, а според француските медиуми Бенфика ќе добие 60 милиони евра, и евентуален бонус од 10 милиони евра.

Младиот играч за врска е производ на младинската академија на Бенфика, тој дебитираше за првиот тим во јануари минатата година.

Невеш има одиграно девет натпревари за националниот тим, а учествуваше и на неодамнешното ЕУРО.

Португалецот е второто засилување на ПСЖ ова лето по доаѓањето на 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов кој пристигна од Краснодар.

Share
Scroll to Top