Пјаниќ сезонава ќе зема плата од две места

Пјаниќ сезонава ќе зема плата од две места

пред 3 години

Миралем Пјаниќ кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ. Барселона реши да го испрати на позајмица Босанецот, кој не беше во преден план кај тренерот Роналд Куман.

Пјаниќ пред трансферот во Бешикташ, се согласи платата во Барселона да му биде намалена за 50 отсто. Бидејќи се уште под договор со Барселона тој има годишна плата од четири милиони евра.

Она што е интересно, тој оваа сезона ќе зема плата од двата клуба. Барселона ќе треба да му исплати четири милиони евра, а со Бешикташ договорил соработка за 2,75 милиони евра.

Share
Scroll to Top