Радукану се заблагодари на идолот Луис Хамилтон

Радукану се заблагодари на идолот Луис Хамилтон

пред 2 години

Британската тениска сензација, шампионката од САД опен, Ема Радукану му се заблагодари на седумкратниот светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон за неговите совети и поддршка по нејзината прва гренд слем титула во септември, опишувајќи го сонародникот како нејзин идол.

По победата во егзибицискиот меч против Елена-Габриела Русе во Лондон, Радукану го оцени Хамилтон како „навистина кул човек“. Радукану се има натпреварувано во картинг трки како мало девојче и е огромен фан на Формула 1 шампионатот.

„Тој ми кажа да бидам трепелива и да одам со бранот, и дека работите ќе бидат добри. Тој е вистински идол за мене со тоа што ми помогна да се справам со притисокот“, вели 19-годишната Радукану.

Таа не верува дека има шанси да го победи Хамилтон во изборот за спортист на годината на „Би-би-си“.

„Не, дефинитивно не. Јас навивам за Луис во тој избор. Не размислувам воопшто за такво нешто. Сега целта е само да бидам подобра и да погледнам на оваа година како на пробив“, вели Радукану.

Share
Scroll to Top