Ралф Шумахер: Хамилтон премногу драматизира!

Ралф Шумахер: Хамилтон премногу драматизира!

пред 3 години

Луис Хамилтон и Макс Ферстапен сезонава немаа многу директни судири, но се се промени откако Холанѓанецот му стана опасен конкурент на Британецот за титулата.

Најпрво Хамилтон со еден маневр направи Хамилтон да се откаже од трката во Британија, а потоа пилотот на Ред Бул возврати на сличен начин на трката во Монца. Тогаш двајцата предвреме ја завршија трката.

По трката актуелниот шампион се жалеше на болки во вратот, но поранешниот Формула 1 ас, Ралф Шумахер смета дека Хамилтон претерува.

„Луис премногу драматизира со оглед на тоа што следниот ден одлета за Њујорк. Тој дава многу за Ф1. Тоа беше само тркачки инцидент. Фала Богу што постои заштитникот над главите на возачите, никој тоа намерно не го стори“ смета Шумахер за „Спорт 1“.

„Хамилтон е неверојатен, но тој е само човек и сите суперлативи ја менуваат неговата личност. Многу малку внимание се придава на неговите грешки“ категоричен е Германецот.

Share
Scroll to Top