Џорџ Расел од наредната сезона ќе му биде партнер на Луис Хамилтон во тимот на Мерцедес. „Дејли мејл“, тврди дека пред трката за Големата награда на Холандија, 23-годишниот Британец, во канцеларијата на директорот на Мерцедес, Тото Волф, го потпишал договорот.
„Дејли мејл“, пишува дека, во текот на оваа недела, пред трката во Монца, Мерцедес ќе го потврди трансферот на Расел.
Актуелниот член на Мерцедес, Валтери Ботас, од наредната сезона би можел да вози на местото на Кими раиконе во Алфа Ромео.
Хамилтон и Ботас, вчера во Холандија го освоија второто и третото место, додека Расел трката ја заврши на 17.позиција.