Рашфорд го пропушта стартот на сезоната

Рашфорд го пропушта стартот на сезоната

пред 3 години

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе го пропушти стартот на новата сезона во Премиер лигата. Рашфорд го оперирал рамото и според прогнозите ќе отсуствува 12 недели.

Поради оваа повреда, Рашфорд имал лимитирана улога во англиската репрезентација на Европското првенство.

23-годишникот, во финалето, беше еден од тројцата Англичани кои не успеаја да погодат од белата точка, во финалето против Италија.

Италија, ја освои титулата, со победата на пенали 3:2 против Англија.

Рашфорд, заедно со Џејсон Санчо и Букајо Сака, по завршувањето на финалето, станаа мети на расиситички напади на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top