Менаџерот Мино Рајола тврди дека времето на Пол Погба во Манчестер јунајтед е „завршено“, еден ден пред клучниот меч на „ѓаволите“ во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, во интервју кое утре ќе биде објавено во италијанскиот весник „Тутоспорт“.
Погба има договор до јуни 2022 година, откако Јунајтед ја активираа клаузулата во неговиот договор, но тоа не ги намали шпекулациите оваа сезона, посебно откако Оле Гунар Солскјер не му даваше многу шанси да биде стартер, а францускиот селектор Дидие Дешам изјави дека тој „не може да биде среќен“ во својот клуб.
„Тоа е готово! Јувентус требаше да потпишат со него и со Златан Ибрахимовиќ за да бидат совршени партнери на Кристијано Роналдо“, вели Рајола.