Еден од најголемите светски фудбалски клубови – Реал Мадрид го состави најлошиот тим во историјата на клубот.
Од нашиве простори двајца Срби се меѓу оние играчи кои навивачите нема да ги паметат по добро. За изненадување, Лука Јовиќ не е еден од нив.
Се работи за Предраг Спасиќ и Перица Огњеновиќ.
Овој првиот една сезона играл за Реал, во 1990/91, а Огњеновиќ на „Бернабеу“ дошол во 1999 година како големо засилување. Претседателот Лоренцо Сајнц го сакал во тимот, а тренерите Хидинк и Тошак немале доверба во него.
Освен овие двајца, место меѓу најлошите фудбалери кои настапувале за клубот од „Сантијаго Бернабеу“ има и за:
Албано Бизари, Карлос Диого, Џонатан Вудгејт, Ројстон Дренте, Томас Гравесен, Пабло Гарсија, Жилијен Фобер, Антонио Касано и Едвин Конго.