Советникот на Ред бул рејсинг и одговорен за возачите во двата Ф1 тима на австрискиот гигант, Хелмут Марко, призна дека Себастијан Фетел можел да се врати во тимот со кој освои четири титули, но дека веќе имал потпишано договор со Астон Мартин кога тие решиле да го сменат Алекс Албон.
Ред бул го потврдија Серхио Перез како партнер на Макс Ферстапен во 2021 година, со што ќе го имаат можеби најсилното возачко партнерство во Ф1, додека Фетел ќе се обиде да го крене уште повеќе тимот на Астон Мартин (сегашните Рејсинг поинт) како партнер на Ленс Строл, контроверзниот Канаѓанец и син на газдата на тимот.
„Кога решивме да го замениме Албон, Фетел веќе не беше достапен. Секако, да беше, ќе разговаравме со него“, изјави Марко.
Фетел ги освои своите четири титули со Ф1 во четири доминантни сезони со Ред бул, во кои освои 57 пол-позиции и оствари 53 победи.
Дека во австрискиот тим уште имаат високо мислење за својот пулен, најдобро покажаа и со комичниот пост на Твитер на кој го покажаа Дедо Мраз со листата на „добри“ и „лоши“ дечиња во годината. Ферари е на страната на „лошите“ за отпуштањето на Фетел.
Making a list and checking it twice ? Anyone we’ve missed? ? pic.twitter.com/PsNJX1OUhr
— Aston Martin Red Bull Racing (@redbullracing) December 24, 2020