Резервниот италијански голман ги расплакал соиграчите пред финалето со Англија

Резервниот италијански голман ги расплакал соиграчите пред финалето со Англија

пред 3 години

Резервниот голман на италијанската фудбалска репрезентација, Салваторе Сиригу е една од главните теми на Апенините непосредно по освоеното ЕУРО 2020.

Капитенот Џорџо Кјелини и Алесандро Флоренци и открија на јавноста како Сиригу сите ги натерал да заплачат неколку минути пред да излезат на „Вембли“, на финалето.
„Подготви нешто посебно за нас“ – рекоа двајцата членови на националниот тим.

Искусниот голман на сите играчи во репрезентацијата пред мечот со Англија им врачил писмо каде ги изнесува искрените емоции, но на секој фудбалер му дал посебно писмо.

„Сиригу е еден од клучните играчи во соблекувалната. Пред мечот ни даде писма, каде открива што мисли за секој од нас. Секоја порака беше различна. Направи сите да заплачеме. По пораката ни покажа снимка со видео порака од нашите семејства, по што заплакавме“ раскажува Флоренци.

Сиригу на целиот турнир одигра само една минута, но италијанските медиум наведуваат дека неговата улога во соблекувалната била клучна. Тој го подготвуваше Џиџи Донарума пред пеналите со Англичаните.

Голманот на Торино има 34 години, и досега има 27 настапи за Италија.

Share
Scroll to Top