Рекордите на Лазаров и Балиќ останаа нечепнати во Египет!

Рекордите на Лазаров и Балиќ останаа нечепнати во Египет!

пред 4 години

Левиот бек на Данска, Микел Хансен (33) е МВП на СП што вчера заврши во Египет, а во најдобрата седморка на Шампионатот имаше место и за Паличка, Соле, Гидсел, Готфридсон, Ване и Фабрегас.

Со оглед на тоа што Норвешка испадна уште во четвртфиналето, Норвежанецот Сандер Сагосен не можеше да ја продолжи низата за влез во Ол-стар тимот на првенствата кое трае од СП во 2017. Бекот на Кил беше во најдобрата постава и на ЕУРО 2018, СП 2019 и ЕУРО 2020.

Неверојатниот рекорд на Ивано Балиќ (41) се чини уште долго време ќе остане нечепнат. Хрватот во најдобрите постави беше дури шестпати на големите натпреварувања. Од СП во 2003 година до 2007 плус и ОИ во 2004 година.

Најдобриот стрелец на Мундијалот во Египет е натурализираниот Кубанец кој настапуваше за Катар, Франкиз Марзо (33) со 58 гола. Не беше ниту близу до рекордот на СП кој го држи капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров (40) од 92 гола.

Втор на вечната листа е Кореецот Јон Кунг-Шин со 86 гола од 2005-тата, а трет на таа листа е Микел Хансен од 2019 година, со 72 погодока.

Вака изгледа листата појавување во Ол-стар тимовите:

Ивано Балиќ – 6 (СП 2003., ЕП 2004., ОИ 2004., СП 2005., ЕП 2006., СП 2007.)
Сандер Сагосен – 4 (СП 2017., ЕП 2018., СП 2019., ЕП 2020.)
Рафаел Гуијоса – 3 (СП 1999., ЕП 2000., ОИ 2000.)
Штефан Ловгрен – 3 (ОИ 2000., СП 2001., ЕП 2002.)
Хенинг Фриц – 3 (СП 2003., ЕП 2004., ОИ 2004.)
Едуард Кокшаров- 3 (СП 2004., ЕП 2006., СП 2007.)
Никола Карабатиќ-3 (СП 2009., ЕП 2010., СП 2011.)
Жулен Агинагалде-3 (ЕП 2012., ОИ 2012., СП 2013.)

Share
Scroll to Top