Ривер Плата имаат 10 играчи, немаат голман, а во четврток мора да играат натпревар

Ривер Плата имаат 10 играчи, немаат голман, а во четврток мора да играат натпревар

пред 3 години

Ривер Плата објави дека има сериозни проблеми со коронавирусот. Вкупно во клубот 25 лица се заразени со вирусот, 22-ца од заразените се фудбалери. Петмина ново заразени има по дуелот со Бока јуниорс, одигран во неделата, во рамките на аргентинскиот Куп.

Ривер Плата, во четврток, во 2 часот наутро по средно-европско време, треба да игра против Санта Фе во Д-групата, во Копа Либертадорес.

Во пресрет на овој натпревар, тренерот Марсело Гаљардо, на располагање има само десет фудбалери. Според правилата на копа Либертадорес, натпреварот мора де се одигра, доколку клубот на располагање има барем седум фудбалери.

Ровер Плата порачаа дека ќе излезат на теренот, бидејќи не сакале да ризикуваат некаква казна. Најголем проблем за гаљардо е што за овој натпревар нема голман. Четворицата голмани се заразени со коронавирусот. Ривер побарале од челниците на Копа Либертадорес да го регистрираат 21-годишниот Алан Леонардо Дијаз, кој бранеше во неделата против Бока јуниорс.

На две кола до крајот на натпревари во Д-групата, Ривер се наоѓа на второто место со шест бода, два помалку од лидерот Флуминенсе, а три повеќе од Хуниор и четири од Санта Фе.

Share
Scroll to Top