РК Вардар 1961 е победник во Суперкупот на Македонија

РК Вардар 1961 е победник во Суперкупот на Македонија

пред 1 година

РК Вардар е освојувач на Суперкупот на Македонија откако во салата „Парк“ во Струмица го совлада големиот ривал Еурофарм Пелистер со 30:26. Во еден возбудлив дуел, „црвено-црните“ беа подобри во второто полувреме и заслужено стигнаа до четвртиот трофеј во Суперкупот. Овој меч го означува и стартот на новата ракометна сезона на домашната сцена.

На полувремето беше 13:13. На стартот на вториот дел вардарци поведоа со 16:14 и не го испуштија водството до крајот.

Стефан Петриќ со седум гола и Мартин Томовски со седум одбрани беа предводници во тимот на РК Вардар 1961. Седум гола за Радивојевиќ кај Еурофарм Пелистер.

Share
Scroll to Top