Рома не дозволи победа на Интер на „Олимпико“

Рома не дозволи победа на Интер на „Олимпико“

пред 4 години

Интер на Антонио Конте направи одличен камбек во второто полувреме, но сепак, не си замина со трите поени од „Олимпико“ откако Рома успеа да израмни во финишот на возбудливиот натпревар за 2:2 реми.

„Нераѕурите“ минатото коло пропуштија да станат лидери по изненадувачкиот 2:1 пораз кај Сампдорија, а работите не изгледаа добро откако Лоренцо Пелегрини во 17-тата минута ја донесе „волчицата“ во водство.

Сепак, со пресврт во пет минути во второто полувреме, Интер стигна до победата – прво Милан Шкринијар во 56. минута израмни на 1:1, пред Ашраф Хакими во 63. минута да постигне фантастичен гол. Ова е шести гол оваа сезона за Хакими, кој дојде од Реал Мадрид за 40 милиони евра во летниот преоден рок, со што се покажа како совршено заилување за тимот на Конте. Сепак, „нераѕурите“ не успеаја да изддржат до крај, откако Џанлука Манчини со гол со глава во 86. минута освои поен за Рома.

Милан на врвот сега има 40 поени, Интер е втор со 37, а Рома останува трета на 34 поени. Јувентус е петти со 30 поени, но и со два натпревари помалку во однос на ривалите.

Share
Scroll to Top