Рома нуди попуст за тие кои ќе се вакцинираат на „Олимпико“

Рома нуди попуст за тие кои ќе се вакцинираат на „Олимпико“

пред 3 години

Рома нуди попуст на билетите за нивните натпревари за фановите кои ќе се решат да се вакцинираат против КОВИД-19 на „Олимпико“. Во среда и четврток, „Олимпико“ и областа Форо Италико ќе биде центар за вакцинација, каде што без закажување ќе можат да се добијат вакцини „Модерна“.

Во обид да се охрабри вакцинацијата за добивање на „зелениот пасош“ на ЕУ, Рома ќе понудат попуст за следните домашни мечеви.

„Од почетокот на пандемијата, Рома сакаше да помогне на своите фанови и на градот Рим во борбата против пандемијата. Делевме маски, заштитна опрема и вентилатори на болниците, а сега учествуваме во кампањата а вакцинирање“, вели Гвидо Фиенга, генералниот директор на клубот.

Според последните податоци повеќе од 85 отсто од популацијата на провинцијата Лацио (каде што е и Рим) добиле вакцина. За да присуствуваш на фудбалските мечеви во Италија потребен е „зелениот пасош“ на ЕУ или негативен тест во период од 48 часа.

Share
Scroll to Top