Кристијано Роналдо ја откри најголемата разлика за играње за Ал-Наср во Саудиска Арабија во споредба со неговите настапи во Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, но ги отфрли шпекулациите дека се чувствувал неудобно во неговата нова околина.
Најголемо изненадување за Роналдо било одржувањето на ноќните тренинзи, нешто што не се практикува во Европа.
„Еден пример е тоа што во Европа тренираме наутро, но тука се тренира попладне или навечер, а кога е рамазан, дури и во 10 часот навечер. Тоа е чудно, но тоа е дел од новите искуства кои ги добив. Сакам да поминам низ нови работи, бидејќи така учиш нешто ново. Тешко е, но ништо што е невозможно. Искуството досега е дека саудиските фанови навистина го сакаат фудбалот и сакаат да го живеат фудбалскиот живот и затоа сум среќен“, вели Роналдо во интервју за „Араб њуз“.
Тој ги отфрли шпекулациите дека ова лето ќе замине од Ал-Наср, инсистирајќи дека сака да остане во Саудиска Арабија.