Копа дел реј: Реал добро се „испоти“ против Алкојано

Копа дел реј: Реал добро се „испоти“ против Алкојано

пред 2 години

Реал Мадрид пристојно се намачи против третолигашот Алкојано, пред да стигне до 1:3 победа и да се пласира во осминафиналето од Копа дел реј, откако претходно Балеарес го направи најголемото изненадување победувајќи ја Селта Виго со 2:1.

Едер Милитао им донесе водство на „кралевите“ во 39. минута од мечот, но Алкојано, кои во претходното коло го исфрлија прволигашот Леванте, се вратија во игра израмнувајќи преку Дани Вега во 66. минута од мечот. Еден Азар му асистираше на Марко Асенсио за враќање на водството во 73. минута, за во 77. минута само што влезе во игра, „отпишаниот“ Иско да зголеми на 1:3.

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ

Алкојано – Реал Мадрид 1:3

Балеарес – Селта Виго 2:1

Мирандес – Рајо Валјекано 0:1

Валјадолид – Реал Бетис 0:3

Share
Scroll to Top