Роналдо: Повеќе не ме интересираат личните рекорди

Роналдо: Повеќе не ме интересираат личните рекорди

пред 11 часа

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој го постигна 904. гол на натпреварот против Ал Рајан, изјави дека повеќе не го интересираат личните рекорди, објави францускиот спортски весник „Лекип“.

Роналдо во понеделникот вечерта постигна еден од двата гола против Ал Рајан во Лигата на шампионите на АФЦ.

Португалскиот фудбалер, петкратен добитник на Златната топка, изјави дека сега само сака да биде совршен соиграч.

„Веќе не бркам индивидуални рекорди. Добро е играчот да постигнува голови, но најважно ми е денес да уживам во играта и да му помогнам на Ал Наср и моите соиграчи да победат“, изјави 39-годишниот Роналдо. .

Share
Scroll to Top