Клоп признава дека неговите фудбалери се лути пред Мерсисајд дербито

Клоп признава дека неговите фудбалери се лути пред Мерсисајд дербито

пред 3 години

Јирген Клоп побара фудбалерите на Ливерпул да го искажат својот бес и лутина на вистински начин на саботното дерби со Евертон, во реванш од мечот кој имаше огромни последици за сезоната на шампионот.

Ливерпул ги пречекуваат лутите градски ривали на „Енфилд“ во прв меѓусебен меч по лудотот 2:2 дерби во кое имаше две големи повреди, еден црвен картон и поништување на голот во финишот на мечот.

Фудбалерите на Ливерпул беа бесни откако голманот Џордан Пикфорд го повреди Виргил ван Дајк и Холанѓанецот ја пропушти сезоната поради скинати лигаменти во коленото. И покрај ова, Пикфорд не доби картон, но Клоп вели дека е добро што не имало реванш веднаш и посочи дека нема да има „пренесени работи“ од тој меч.

„Ништо нема да се пренесе утре, тоа е така. Една недела подоцна, две недели подоцна, кога ја добивме дијагноата за Ван Дајк… Добро е што тогаш не игравме со Евертон, да кажам така. Сега, тоа е во минатото, не размислуваме за тоа, туку дека се работи за дерби и дека мотивацијата ни е највисоко ниво“, вели Клоп.

И покрај ривалството и лудиот меч, Клоп го пофали менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, признавајќи дека тој го доближил со квалитет тимот од ливерпулскиот ривал.

„Имаа добар тим и во минатите години, но со менаџер како Карло, секој тим станува многу подобар. Тој има добар тим и можеби се најблиску до нас во последните години, не знам. Од позицијата на табелата е така“, додава Германецот.

Share
Scroll to Top