Мата одбил огромна сума за трансфер – сигурен е дека Јунајтед ќе освојува титули!

Мата одбил огромна сума за трансфер – сигурен е дека Јунајтед ќе освојува титули!

пред 3 години

Шпанскиот ветеран Хуан Мата одбил понуда од 18 милиони фунти годишно од Саудиска Арабија за да остане во Манчестер јунајтед, бидејќи верува дека „ѓаволите“ ќе изградат силен тим кој ќе се бори за титула.

32-годишниот Мата нема многу доверба кај Оле Гунар Солскјер оваа сезона – нема играно во мечевите од Премиер лигата, а минатата сезона одигра само половина од лигашките мечеви. Но, и покрај ова, шпанскиот „АС“ тврди дека тој одбил богата понуда, бидејќи верува дека и покрај лошиот старт, Јунајтед ќе освојат некоја титула оваа сезона.

„Ѓаволите“ имаат само една победа во три меча во Премиер лигата, а во последниот меч загубија со 1:6 од Тотенхем. Солскјер претходно изјави дека Мата е значаен дел од тимот и покрај малата минутажа.

„Неговата посветеност, искуство и стабилност е многу важно за нашиот млад тим. Тој има фантастична кариера и освои што можеше да се освои“, изјави Солскјер.

Мата пристигна на „Олд Трафорд“ во 2014 од Челси, и има 257 настапи и 50 гола за клубот. Тој ја освои Премиер лигата со Челси, ФА купот и Лига Европа со Манчестер јунајтед, а беше и светски шампион со Шпанија во 2010.

Share
Scroll to Top