Сантос ја „здроби“ Бока, бразилско финале на Либертадорес

Сантос ја „здроби“ Бока, бразилско финале на Либертадорес

пред 3 години

Сантос постави бразилско финале на Копа Либертадорес против Палмеирас, откако со 3:0 ја „уништи“ Бока јуниорс во вториот меч од нивното полуфинале.

Победата на „Естадио Вила Белмиро“ доаѓа откако во Буенос Аирес минатата недела двата тима одиграа реми без голови. Диего Питука ги донесе Сантос во водство во 16. минута, а Јеферсон Солтедо го удвои водството веднаш по полувремето со фантастичен гол. Третиот гол го постигна Лукас Брага по фантастичната асистенција на Марињо за целосна доминација.

Ноќта на Бока стана катастрофална откако Колумбиецот Франк Фабра доби директен црвен картон за газење на Марињо, и тоа беше крај на надежите за камбек на аргентинскиот гигант.

Сантос ќе одат на своја четврта титула од Либертадорес, додека Палмеирас по својот втор трофеј.  Палмеирас претходно ги победи Ривер Плата во првиот полуфинален двомеч. Финаелето е на „Маракана“ во Рио де Жанеиро на 30 јануари.

Share
Scroll to Top