Андреј Рубљев избори пласман на завршниот Мастерс во Торино на кој учествуваат осумте најдобри играчи во календарската година.
Тенисерот од Русија четврта година по ред е на престижното натпреварување.
Местото го обезбеди откако во Виена го победи Матео Арналди, со што стигна до четвртфиналето на турнирот во австриската престолнина.
Рубљев е петтиот играч кој се пласира на завршниот Мастерс во Торино. Пред него местото го потврдија Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Данил Медведев и Јаник Синер.
Во оваа сезона Рубљев оствари 50 победи, а во Монте Карло ја освои и првата титула на турнири од серијата 1000. Победи и на турнирот во Баштад, а беше финалист во Дубаи, Бања Лука, Хале и Шангај.