Две шокантни елиминации донесе третиот ден на Ролан Гарос. Вториот Гренд слем турнир во сезоната заврши за осмиот носител Каспер Руд и поранешниот финалист, Стефанос Циципас.
Матео Гиганте, мораше да игра квалификации за пласман на главнио турнир. Во втората рунда тој го победи Стефанос Циципас со 3-1 во сетови.
Гркот моментално е 20-тиот играч на планетата, во кариерата има едо финале на Ролан Гарос,од Италијанецот загуби со 6:4, 5:7, 6:2, 6:4.
Гиганте ќе игра против Американецот Бен Шелтон во третото коло.
Вистински шок претставува и елиминацијата на Каспер Руд. Осмиот носител, кој играл два пати финале на овој турнир, загуби од Нуно Борхес со 3-1 во сетови.
Руд го доби првиот сет со резултат од 6:2, а потоа Норвежанецот едноставно „исчезна“ од теренот.
До крајот на мечот, тој освои само пет гема, а Борхес со 2:6, 6:4, 6:1, 6:0 избори пласман во третото коло каде што го чека Австралиецот Попирин.