Руни во нов скандал со фотографии со полуголи жени

Руни во нов скандал со фотографии со полуголи жени

пред 3 години

Легендата на Манчестер јунајтед, а сега менаџер на Дерби каунти, Вејн Руни повторно е на насловните страници на англиските таблоиди поради активности кои немаат врска со фудбалот.

Руни овојпат поднел пријава до полицијата во Манчестер, откако на Интернет се појавија фотографии со три (засега неименувани) жени, од кои на една од нив тој спие, и тврди дека е жртва на „местенка“.

Според британските медиуми фотографиите се направени по поразот на Дерби во пријателскиот меч со Салфорд сити, по што Руни бил во ноќен клуб, а потоа и во хотел.

Да потсетиме, Руни е оженет и има четири сина.

Share
Scroll to Top