Саинс кажа дека не сака да биде како Барикело, па мораше да се правда

Саинс кажа дека не сака да биде како Барикело, па мораше да се правда

пред 3 години

Возачот на Ферари, Карлос Саинс Јуниор вели дека е разочаран што неговите зборови биле погрешно протолкувани откако изјави дека не сака да ја има улогата на поранешниот бразилски тркач, Рубенс Барикело во италијанскиот тим.

За шпанските медиуми, Саинс изјави дека нема да биде „верен поручник“ во тимот и дека нема да помага како што Рубенс Барикело му помагаше на Михаел Шумахер. Но, сега тој вели дека зборовите се извадени од контекст поради тоа што Барикело имаше успешна кариера.

„Кога ќе те запрашаат како кој би сакал да бидеш, Барикело или Шумахер, нормално е да кажеш дека сакаш да си возачот кој освоил седум титули. Тоа има смисла. Но, потоа го погледнуваш насловот и таму се тврди дека ти велиш дека не сакаш да бидеш како Барикело. Нормално дека Бразилците ќе ме критикуваат. Прво, колку победи имаше тој? Единаесет. Колку имам јас? Нула! Кој сум јас да го критикувам Рубенс! Јас сум добар пријател со него, го почитувам и разочаран сум што се појавија такви наслови. Никогаш не зборувам лошо за другите возачи, посебно за возачи на Ферари кои победуваа за тимот“, вели Саинс.

Share
Scroll to Top