Букајо Сака подолг период ќе отсуствува од фудбалот поради повреда на тетивата. Сака се повреди во саботата против Кристал Палас.
Букајо Сака, во победата на Арсенал над Кристал Палас од 5:1, одигра само 25 минути. Со помош на патерици го напушти стадионот на Кристал Палас. По мечот менаџерот, Микел Артета, изјави дека состојбата на Сака не е добра.
Поради слична повреда, голманот на Ливерпул, Алисон Бекер беше надвор од терените околу два месеци. Доколку Сака биде надвор од терените осум недели, ќе го пропушти клучениот дел од сезоната. Иако, некои тврдат дека во најдобро сценарио Сака би можел да се врати во рок од шест недели.
Но, и во тој период Арсенал има пеколен и тежок распоред.
Арсенал има три првенствени натпревари против Ипсвич, Брентфорд и Брајтон до крајот на годината, а потоа ги продолжува натпреварите во купот на почетокот на 2025 година, на 8 јануари против Њукасл во Лига купот и четири дена подоцна против Манчестер јунајтед.
Потоа следуваат серија нови натпревари во Премиер лигата, две дерби средби на домашен терен против Тотенхем и Астон Вила, а потоа и натпреварот со Динамо Загреб во Лигата на шампионите.
За крајот на јануари следуваат гостувањата кај Вулверхемптон и Џирона во последното коло од Лигата на шампионите.
Февруари започнува со дербито против Манчестер сити на „Емирати“, а потоа следува реваншот од полуфиналето на Лига купот кај Њукасл.
Навивачите се надеваат дека Сака би можел да биде подготвен за гостувањето кај Лестер или дуелот со Вест Хем на 15 или 22 февруари.