Пред утрешниот меч Косово-Шпанија во Приштина, шпанскиот фудбалер Пабло Сарабија се најде во незгодна ситуација, откако постојано одбиваше да го именува Косово, бидејќи Шпанија го нема признаео нашиот сосед.
Сарабија, фудбалерот на ПСЖ кој игра на позајмица во Спортинг Лисабон, постојано го именуваше Косово како „домашен тим“, што наиде на реакција на косовските новинари.
„Зошто не велиш Косово, туку домашен тим“, праша новинарот, додека Сарабија одговори: „Не го разбирам прашањето“. По дискусијата, новинарот посочи дека прашањето е за портпаролот на тимот, но тој одби да одговори.
? @Pablosarabia92 protagoniza el momento más tenso de la rueda de prensa
?️ Un periodista local le echa en cara no pronunciar la palabra “Kosovo” y referirse a su rival como “equipo local”
?️ “No entiendo la pregunta”#PartidazoCOPE pic.twitter.com/8Z6zk1WaPj
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) September 7, 2021
Шпанците инсистираат дека ќе играат фудбал против „територијата на Косово“