Сари го раскинал договорот со Јуве, станува тренер на Фиорентина?

Сари го раскинал договорот со Јуве, станува тренер на Фиорентина?

пред 4 години

Маурицио Сари се согласил со Јувентус да го прекратат неговиот договор со взаемна согласност, откако веќе се согласил да стане тренер на Фиорентина, тврдат „Скај спорт Италија“ и „Тутоспорт“.

Сари доби отказ во август и покрај тоа што ја освои титулата во Италија во својата единствена сезона на чело на Јуве, откако беше елиминиран во ЛШ од Лион, и беше заменет со Андреа Пирло. Меѓутоа, во Италија, клубовите обично не ги раскинуваат договорите со тренерите, така што тој уште е обврзан со „бјанконерите“.

Претходно, тој одбиваше да се согласи за раскин на договорот, по што Јуве му ја исплаќаа високата плата, но сега според италијанските медиуми, утре ќе биде потврден раскинот, со кој Сари ќе добие 6 милиони евра за сезоната 2020/21, но нема да ја добие опцијата за третата сезона за 2.5 милиони евра.

Во Фиорентина пак, Бепе Јакини едвај ја заддржува својата работа по слабиот стартот на сезоната, а Сари, кој израсна во близината на Фиренца, е логичен избор.

Share
Scroll to Top