Сасуоло ја среди и Самп, Кротоне подобар во голеадата кај Парма

Сасуоло ја среди и Самп, Кротоне подобар во голеадата кај Парма

пред 3 години

Екипата на Сасуоло минимално со 1-0 славеше на свој терен против тимот на Сампдорија во рамки на 33. коло од Серија А. Откако минатото коло на „Сан Сиро“ го земаа скалпот на Милан, „црно-зелените“ вечерва минимално го средија и гостинот од Џенова

Голот вреден 3 бода за тимот од Реџо Емилија беше дело на Берарди во 69 минута.

Сега Сасуоло кој ја оствари третата победа во низа собра 52 бода, доволни за 8. позиција.

Претходно, во Парма се случи вистинска голеада. Домашниот тим со 4-3 загуби од Кротоне иако победата освен меѓусебен престиж не носеше нешто повеќе на табелата.

Гостите имаа предност од 3-1 во првиот дел, а Парма со 2-1 го доби вториот дел, недоволно за реми.

Двете последнопласирани екипи на табелата се со „една нога“ во Серија Б.

Share
Scroll to Top