Се „готви“ нова размена на релација Барса – Јуве, Гризман за Дибала?

Се „готви“ нова размена на релација Барса – Јуве, Гризман за Дибала?

пред 4 години

Италијански „Кориере дело Спорт“ денеска пишува дека следната сезона најверојатно ќе нема место за Паоло Дибала (27) во Јувентус. Италијанскит шампион, наводно, веќе нема трпение со Аргентинецот кој сезонава досега одигра само 16 меча, а ефектот му е 2 гола и 2 асистенции.

Договорот на Дибала со „Старата дама“ е до јуни 2022 година, па иако со месеци траат преговори за нов договор, се чини дека сето тоа ќе застане и аргентинскиот ас ќе биде ставен на трансфер листа.

Италијанскиот весник пишува и дека во Јуве се подготвени Дибала да го пуштат во Барселона, но за возврат да го добијат во Торино францускиот ас, Антоан Гризман.

Во Барса не се задоволни од учинокот на Гризман кој пред 2 години дојде на „Ноу Камп“ од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра. Сезонава тој постигна 12 гола и има 11 асистенции.

Барса и Јуве имаат добра соработка, па минатото лето договорија размена меѓу Миралем Пјаниќ и Артур Мело.

Share
Scroll to Top