Барселона и Манчестер Сити постигнале договор во врска со трансферот на Родри, објавија сите релевантни шански и светски медиуми.
Речиси еден месец траеше сагата околу тоа каде најдобриот играч на Мундијалот ќе ја продолжи кариерата. Се шпекулираше дека Родри ќе се пресели во Реал, но кога доби понуда од Барселона без размислување ја прифати.
Потешкиот дел беа преговорите меѓу клубовите. Барселона мораше да испрати четири понуди, а четвртата очигледно беше прифатлива за Манчестер Сити, а Родри многу наскоро ќе биде претставен како нов играч за шпанскиот шампион.
Вкупно, овој трансфер ќе ја чини Барселона 76,5 милиони евра, од кои 60 милиони се фиксни, а 11 милиони се однесуваат на бонуси кои се „оценети“ како остварливи.
Останатите 5,5 милиони се однесува на бонуси и клаузули кои ќе бидат тешко остварливи.
Родри седум години играше во Манчестер Сити, со клубот освои четири трофеи во Премиер лигата, ја освои и Лигата на шампионите. Во 2024 година ја доби престижната Златна топка.
Претходно играше за Виљареал и Атлетико Мадрид.
Foto/ Depositphotos






