Продолжуваат проблемите за кошаркарската репрезентација на САД која треба да настапи на ОИ во Токио.
Нов отказ стигна до селекторот Грег Попович, кошаркарот на Чикаго Булс, Зак Лавин ќе мора да оди во карантин, велат здравствените протоколи
Ова е трет отказ во селекцијата поради коронавирусот. Прв мораше да се повлече Бредли Бил, едно време во карантин помина и Џерами Грант, но тој се враќа во составот, додека поради повреда настапот на Олимпијадата го откажа Кевин Лав.
Испразнетите места ги пополнија Џемал Мекги и Килдон Џонсон, но тие се уште се воигруваат со екипата.
Селекцијата на САД тргнува за Токио со само 9 кошаркари, затоа што тројца и понатаму се дел од НБА финалето меѓу Феникс и Милвоки (Крис Мидлтон, Џру Холидеј и Дејвин Букер). Тие ќе им се придружат на соиграчите директно во Токио.
САД во првото коло на ОИ ќе игра против Франција на 25 јули.