„Селекторот е слеп, атмосферата во австрискиот тим е лоша“

„Селекторот е слеп, атмосферата во австрискиот тим е лоша“

пред 3 години

Атмосферата во фудбалската репрезентација на Австрија, пред почетокот на Европското првенство е многу лоша. Ова во интервју за „НоеН“, го кажал поранешниот репрезентативец Марк Јанко.

Јанко тврди дека незадоволството во националниот тим има потенцијал да „експлодира“.

„Разбрав дека расположението е лошо. Од искуство знам дека тоа е клучниот фактор за да постигнете добра резултат. Се сомневам дека ова добро ќе се заврши“, рекол Јанко.

„Навивачите сaкаат да гледаат спектакуларен фудбал. Ние имаме играчи за да играме таков фудбал. Меѓутоа селекторот не дозволува таква игра. Тој е слеп. Тоа не негова одлука и таа ора да се почитува. Но поради таквата одлука ја презема одговорноста врз себе. Ако не успее ќе мора да се соочи со последиците“, заклучил Јанко.

Селекторот на Австрија, Франко Фода, минатата недела го соопшти конечниот списoк на играчи кои ќе настапат на ЕП.

Австрија ЕП ќе го отвори на 13.јуни, во Букурешт, против Македонија.

Share
Scroll to Top