Серхио Рамос останува трн во око на Барселона (очигледно и на Лео Меси)

Серхио Рамос останува трн во око на Барселона (очигледно и на Лео Меси)

пред 4 години

Кога на Реал Мадрид им е потребен спасител, тука е Серхио Рамос. Капитенот веќе е икона на клубот и уште еднаш покажа дека е клучен играч за „Лос бланкос“ при 3:1 победата на гости кај лутите ривали Барселона во саботата.

Откако во средата од трибините гледаше како Реал загуби со 2:3 дома од Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, а одбраната без него потклекна трипати за 13 минути во првото полувреме, капитенот беше „наострен“ за „Ел класико“.

Неговата улога напред и назад во тимот на Зинедин Зидан беше јасна – тој падна помалку театрално за да принуди пенал при 1:1 по невнимателниот потег на Ленгле, и ја смести топката во мрежата за да постигне петти гол во „Ел класико“, со што иронично се израмни со тренерот на Барселона, Роналд Куман.

Да, не зборуваме за овој потег кој го направи капитенот на Лео Меси, кој останува 900 дена без гол против Мадрид, односно од заминувањето на Кристијано Роналдо.

Share
Scroll to Top