Сити и Борусија пак ќе играат во Унгарија

Сити и Борусија пак ќе играат во Унгарија

пред 4 години

Манчестер сити и Борусија Менхенгладбах, осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите, ќе го одиграат во Будимпешта. Натпреварот ќе се одигра на 16.март на „Пушкаш арена“ во Будимпешта. Првиот меч кој заврши со победа на Сити 2:0, исто така се одигра во Будимпешта.

УЕФА дозволи натпреварот да се одигра во Манчестер, меѓутоа тимовите ќе играат во Унгарија, поради правилата што го донесе Владата на Германија, која воведе задолжителен каратин за сите оние кои во државата ќе влезат од Велика Британија.

Покрај овој натпревар, во Будимпешта ќе се одигра и реваншот помеѓу Ливерпул и Лајпциг. Овој натпревар се игра вечерва.

Share
Scroll to Top