Милан испратиле понуда за Заниоло

Милан испратиле понуда за Заниоло

пред 1 година

Според пишувањата на италијанските медиуми, голема е веројатноста Николо Заниоло до крајот на предониот рок да се пресели во Милан.

Заниоло сака да ја напушти Рома, а барем досега се веруваше дека тој ќе заврши во Њукасл. Медиумите шпекулираа и со трансфер во Тотенхем, но клубот од Лондон нема намера да ја плати сумата што ја бара Рома.

Исто така, Заниоло не сака да ја напушти Италија. Според медиумите Милан подготвиле сериозна понуда.

Милан сака прво да го доведе Заниоло на позајмица со обврска да го откупи договорот за 22 милиони евра. Италијанските медиуми пишуваат дека римскиот клуб ќе ја прифати понудата.

Договорот на Заниоло со Рома истекува за 18 месеци.

Share
Scroll to Top