Скандал на промоцијата на Камавинга: Потемен е од костумот што го носи

Скандал на промоцијата на Камавинга: Потемен е од костумот што го носи

пред 3 години

Талентираниот Французин, Едуард Камавинга, во средата ја имаше официјалната промоција во Реал Мадрид. За 18-годишното момче „кралскиот клуб“, на Рен му плати 31.000.000 евра.

Промоцијата на Камавинга, која ја испратија сите шпански медиуми, се претвори во расистички скандал.

Новинарката на РТВЕ, Лорена Гонзалес, во преносот заборавила да го исклучи микрофонот, така што цела Шпанија можела да ја слушне нејзината комуникација со колегите во студиото.

„Ова момче и потемно од костумот што го носи“.

Откако нејзиниот коментар се раширил по социјалните мрежи, телевизијата му се извини на фудбалерот и неговиот клуб и најави казна за водителката.

„РТВЕ, се извинува за ваквиот коментар. Жалиме што се случи ова. Овие коментари не се став на телевизијата, ќе ги преземеме сите чекор, водителката ќе биде казнета“.

Share
Scroll to Top